Стравичен инцидент се случи во Косовска Митровица по завршување на мечот меѓу Трепча и Голден игл, во тоалет се избодени двајца навивачи.
Оваа вест за тамошните медиуми ја потврди портпаролот на полицијата, Авни Захити.
„Околу 9.30 часот добивме пријава дека две лица се повредени со остар предмет и дека побарале возило на итна помош. Случајот го истражуваат надлежни полициски одделенија“, изјави Захити.
Трепча по пауза од 12 години стана шампион откако во мајсторката со 67:66 го совлада тимот на Голден игл и дојде до петтата титула.