Реал Мадрид официјално објави какви повреди имаат Лукас Васкес и Родриго, стана јасно дека тие двајца нема да може да играат еден месец, Бразилецот можеби и малку повеќе, па ситуацијата со повреди во Кралскиот клуб е драматична.
Родриго има истегнување на квадрицепсот на левата нога и се очекува да биде надвор од терените пет до шест недели. Васкес има проблеми со адукторот и се очекува да се врати за еден месец.
Во моментов Реал има седуммина повредени играчи (Карвахал, Милитао, Алаба, Куртоа, Чуамени, Лукас Васкес и Родриго), а уште седуммина (Ридигер, Валверде, Камавинга, Белингам, Ѓулер, Модриќ и Винисиус) имаат обврски со своите репрезентации.
Така тренерот Карло Анчелоти периодов ќе има на располагање само седуммина играчи (Мбапе, Ендрик, Менди, Фран Гарсија, Себаљос, Ваљехо и Лунин) од својот прв тим и ќе мора да повика голем број играчи од вториот тим на Реал. За мечевите по репрезентативната пауза, Анчелоти ќе мора да се потпре на некој млад и да комбинира со играчи кои ќе мора да играат на позиции на кои не се навикнати да играат.