Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, го направи првиот конкретен чекор откако го наследи Чави Ернандес и ги шокира челниците на управата на каталонскиот тим.
Флик го стопира трансферот на еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Бернардо Силва.
Иако Португалецот беше подготвен на драстично намалување на платата само за да заигра за Барселона, Ханси Флик не го гледа во неговите планови и ѝ порача на управата да се откаже од трансферот.