Украинците ќе го организираат новото домашно првенство и во услови на војна и агресија од страна на Русија, а за почеток на шампионатот одбраа голем празник.
Натпреварите ќе стартуваат на 23. август, ден на украинското знаме и ќе се игра и следниот ден, кога Украина ја слави својата независност.
Првенството ќе се игра под воени услови и без присуство на публика, а ако има напади од руска страна, фудбалерите ќе бидат обучени во најбрз можен рок да се засолнат во специјални скривници.
Украинските екипи и сега во летниот подготвителен период играат пријателски натпревари, но надвор од територијата на својата земја.
„