Легендата на Арсенал, Французинот Тјери Анри, во еден подкаст даде смело предвидување пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, тврдејќи дека лондонските Топчии можат ја освојат титулата.
Во мај, Анри не штедеше критики кон клубот кој одамна нема важен трофеј, во Премиер лигата им стана навика да бдат втори, изрази незадоволство од трансферната политика на клубот, но сега во интервју за подкастот „Men in Blazers“, Французинот ги отфрли сите шпекулации дека тренерот Микел Артета треба да биде отпуштен и изрази целосна поддршка за Шпанецот.
„Дали мислам дека Артета треба да биде отпуштен? Секако дека не. Неговата работа е извонредна. Дали мислам дека ќе ја освоиме титулата оваа сезона? Да. Досега бевме добри, сега мора да станеме уште подобри“, рече Анри.
Од 2019 година наваму, Арсенал инвестираше над 900 милиони фунти под водство на Артета, а врвот им е пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона.