Храбрите борци во октагонот не паметат вакво нешто – Се укочи од нервот на грбот, или од страв од противникот (Видео)

Во Градот на Коцката, Лас Вегас, се случи невиден преседан во Ултимејт фајт борбите, а храбрите воини во ММА не паметат ваков случај.

Џамал Емерс во последен миг ја откажа борбата со Час Скели и не влезе во октагонот со објаснување дека има проблеми со нерв во грбот.

Сè беше подготвено за битка меѓу двајцата ММА борци, Скели беше во октагонот и го чекаше Емерс, кој претходно уредно и успешно го мина и мерењето, а имаше и негативен тест на корона-вирус.

Сепак, Емери не влезе во октагонот, а објаснувањето беше дека одеднаш почуствувал болки во грбот при самото претставување на двајцата Ултимејт фајт борци на настанот во Лас Вегас.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести