Без страв и комплекс, македонскиот ракометен национален тим му се спротивставува на фаворитот Франција на отворањето на ЕП во ракомет, на стадионот во Дизелдорф, а средбата од трибините ја следат над 30 илјади гледачи, во второто полувреме ќе бидат и повеќе.
Французите водат со 17-13, тие заиграа подобро откако Македонија поведе со 10-8 и сфатија дека не смее да го потценат тимот на селекторот Кирил Лазаров.