Храбрите секогаш добиваат, само со четири одиграни натпревари на двојна победа си заработи 740.000 денари (Фото)

Во неделата во објект на Sport Life во Гостивар беше уплатен неверојатен тикет, каде што еден обложувач со вложени 500 денари, одигра двојна победа на четири натпревари правејќи квота 1.741 и си заработи фантастични 740.148 денари.

Во првото годинешно Ел Класико, Реал Мадрид ја победи Барселона со 4:1 и во двете полувремиња Кралевите беа подобри. По првото полувреме беше 3:1 за Реал Мадрид благодарение на хет-трикот на Винисиус жуниор, а во вториот дел Кралевите дадоа уште еден гол преку Родриго.

ПСЖ со 2:0 славеше на гостувањето кај Ланс, а Светците головите ги распределија така што гостиварецот можеше да се радува на големата добивка. ПСЖ даде по еден гол во двете полувремиња, но гостиварецот имал голема доза на среќа бидејќи Ланс на почетокот од натпреварот не реализира удар од белата точка.

И Порто во дербито на португалскиот шампионат ја победи Брага со 2:0 со по еден постигнат гол во двете полувремиња. Двата гола беа постигнати на стартот од двете полувремиња, во 12-тата и во 48-мата минута.

Последниот натпревар кој му ја донесе големата добивка на гостиварецот беше дербито во Серија А меѓу Милан и Рома, кое заврши со 3:1 за Росонерите. Милан поведе со голот на Адли во 12-тата минута, а останатите три гола беа постигнати во вториот дел. Прво Жиру зголеми на 2:0, а Паредес во 69-тата минута внесе нервоза кај гостиварецот. Сепак, радоста за огромната добивка од 740.148 денари ја донесе Тео Ернандес во 84-тата минута.

ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ НИКОГАШ НЕМА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД МОДА И НОСАТ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Доказ дека игрите на голови се најпопуларни меѓу играчите во Sport Life е тикетот уплатен во Гевгелија, кој на обложувачот му донесе нето-добивка од 144.471 денар.
На тикетот се одиграни седум натпревари, чии квоти се движеа од 2.18 до 4.40, кои направија вкупен коефициент од 1.618.

Манчестер јунајтед и Тотенхем одиграа 2:2, а Милан и Борусија Мехнегладбах со 3:1 ги совладаа Рома и Штутгарт, со што гевгеличанецот лесно ги фати игрите домаќините да дадат барем два гола, а згора на тоа, и гостинот да постигне барем еден гол. Слично беше и на дуелот Венеција – Сампдорија, кој заврши 5:3, а тука се бараше гостите да дадат два гола.

Фиорентина и Удинезе одиграа 2:2 и го исполнија условот за играта ГГ 3+.
Победата на Валенсија од 1:4 на гости кај Кадис го израдува обложувачот бидејќи очекуваше барем два гола да бидат постигнати од гостите.

ПСЖ со 0:2 победи на гости кај Ланс и го израдува гевгеличанецот бидејќи одигра на триум на Светците со услов да постигнат барем два гола.

ФАВОРИТИТЕ ВИКЕНДОВ НЕ ГИ РАЗОЧАРАА ОБЛОЖУВАЧИТЕ И ИМ ДОНЕСОА УБАВИ ДОБИВКИ

Во објект на Sport Life во Кисела Вода е уплатен тикет со 100 денари кој на обложувачот му донесе нето-добивка од 74.122 денари.
На тикетот се одиграни шест натпревари со различни игри кои направија вкупен коефициент од 871.

ПАОК ја совлада Јанина со 4:0 со по два гола постигнати во двете полувремиња, што беше доволно за да биде двојна победа.

Реал Мадрид ја декласира Барселона во шпанскиот Супер куп со 4:1 и го исполни условот да има помеѓу два и пет гола.

Милан ја победи Рома со 3:1 и без проблеми излезе условот покрај „кецот“ да има голови и во првото и во второто полувреме.

На останатите три меча, скопјанецот одиграл фаворитите да постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме и имал среќа. ПСЖ, Порто и АЕК Атина постигнаа по два гола на дуелите со Ланс, Брага и Панатинаикос, но рамномерно ги поделија, по еден во двете полувремиња, и му донесоа убава добивка на обложувачот.

- Оглас -

Најнови вести