Храброст или лудост? Навивач на Барселона меѓу фанови на Реал го славеше дебаклот на Кралевите против Атлетико (Видео)

Поразот на Реал Мадрид од 7:3 во пријателскиот дуел против градскиот ривал Атлетико уште долго ќе се памти. Освен шоуто на теренот, кога беа видени 10 гола, на стадионот свое шоу имаше и еден навивач. Не беше тоа фан ниту на Атлетико, ниту на Реал, туку на Барселона.

Облечен во дрес на Барселона, а во рацете со уште еден дрес на Лионел Меси, навивачот скокаше и се радуваше на дебаклот на Реал Мадрид, и тоа на делот од трибината каде што беа фановите на Кралскиот клуб. На неговата радост не останаа имуни фановите на Реал, кои започнаа да го гаѓаат со пластични чаши и да му истураат течност врз телото додека фанатикот се радуваше.

https://twitter.com/i/status/1155780905576935425

 

- Оглас -

Најнови вести