Христов: За Академијата на ФФМ се потрошени 4 милиони евра, а ниедно дете не стана репрезентативец

Македонскиот фудбал е во реорганизација, иднината зависи од работата во младинските категории. Тука новото раководство на ФФМ планира многу промени, а човекот задолжен за реорганизација и координирање со младинските репрезентации, техничкиот директор Ѓорѓи Христов, посочи на фрапантен податок.

„Околу 4 милиони евра се потрошени за девет години за Академијата на ФФМ, а ниту едно дете од Академијата не е излезено да биде во репрезентација. Буџетот на Академијата е околу 400.000 евра годишно, а поминаа девет години. Академијата најверојатно ќе биде затворена и младинскиот фудбал ќе биде комплетно реструктуиран“, изјави Христов.

„Веќе 15 години работам во младинскиот фудбал. Голема чест, привилегија, но и одговорност е да се добие довербата да се работи со младинските категории. Сами знаете што се случува во младинските категории во последните неколку години. По успехот на селекцијата до 21 година и настапот на ЕП 2017, кога се направи и промена во сениорската селекција, во последните неколку години на една рака може да се избројат играчите кои од Македонија У21 се пробиле во сениорскиот национален тим“, истакна Ѓорѓи Христов.

- Оглас -

Најнови вести