Хрват и Србин во битка за влез во Интер

Хрватот Иван Ракитиќ или Србинот Немања Матиќ во јануари ќе стане член на Интер. Клубот од Милано е решен да го засили средниот ред со квалитетен играч за врска, а главна цел им се овие фудбалери од ексјугословенските простори.

Фаворит е Ракитиќ, кој сака уште во јануарскиот преоден рок да ја напушти Барселона, каде што не ја добива посакуваната минутажа. „Ракетата“ сезонава е во втор план кај тренерот Ернесто Валверде, иако претходните сезони беше стандарден стартер. Валверде ги претпочита Артур и Френки де Јонг.

Тој и летоска планираше да си оди, но со лажни ветувања го убедија да остане. Сега, кога гледа „колку е часот“, нема сила што ќе го спречи Ракитиќ да си замине од Каталонија.

Според некои извори блиски до фудбалерот, тој одлучил кариерата да ја продолжи во Интер и нема да прифати да биде продаден од Барса на друго место. Трансферот би вредел околу 40 милиони евра. Ако работата сепак се изјалови, Интер има план Б и ќе тргне по Матиќ од Манчестер јунајтед кој е поефтина варијанта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести