Хрват од првиот свој шут даде гол во Серија А (Видео)

Венеција и Торино одиграа 1-1 во вечерашниот меч од италијанската Серија А и со тоа го комплетираа шестото коло. Торо дојде до осмиот, а Венеција до четвртиот свој бод. Биковите поведоа со гол на Хрватот Брекало, а изедначи Араму од пенал. И за Брекало и за Араму, тоа беа први нивни голови во кариерата во Серија А.

Брекало, кој играше со Адеми во Динамо, пет години настапуваше во германската Бундеслига пред да дојде во Италија, каде што тренер му е сонародникот Јуриќ. Погодокот го даде од својот прв шут во рамките на голот откако е во Торино.

Торино ја продолжи традицијата да победува само кога нема да прими гол, а тоа се случи двапати сезонава. На останатите четири меча, вклучувајќи го и вечерашниот кај Венеција, кога примаа барем еден гол, не успеваа да победат.

Голот на Брекало може да го видите тука.

 

- Оглас -

Најнови вести