После ремито на Хрватска со Италија, и примениот гол во самата завршница со кој на Хрватите речиси им се затвори вратата за влез во осминафиналето на ЕП, еден изнервиран навивач за хрватската национална телевизија даде изјава која стана хит.
„Видете, додека другите репрезентации тренираа, ние отидовме кај папата. Мислам дека резултатот беше и подобар отколку што заслуживме. Бевме пошупливи од швајцарското сирење Ементалер, не заслуживме да играме осминафинале против Швајцарија“ – изјави навивачот.
https://twitter.com/i/status/1805359398887559194