28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Хрват триумфираше на Ролан Гарос а потоа му одржа лекција на организаторот

Искусниот хрватски тенисер Иван Додиг (38 години) триумфираше на Ролан Гарос во конкуренција на машки двојки, заедно со Остин Крајичек. Во финалето, Додиг и Крајичек го победија белгискиот пар Сандер Жиле и Јоран Филеген (6:3, 6:1).

По завршување на финалето, Додиг имаше малку необичен победнички говор. Тој се заблагодари на сопругата, на синовите, тренерот, семејството, сручниот штаб, навивачите и сите кои му давале поддршка, а потоа му одржа лекција на организаторот на еден од најпрестижните турнири.

„Имам нешто важно да ви кажам. Јас вкупно четири пати го освојувам Ролан Гарос и сега имам вкупно седум гренд слем титули, а сепак денеска сум тажен. Се прашувате зошто сум тажен? Затоа што добив третман кој го заслужува секој спортист, а тоа значи сите играчи да бидеме рамноправни кога се натпреваруваме. Многу сум тажен, што мора ова да го кажувам, но јас 15 дена на турнирот доаѓав со такси. Чекав низ улиците на Париз, доцнев на загревање затоа што такси чекав и по 40 минути. Бев многу тажен затоа што се чувствував како турист во Париз. Јас денеска по четврти пат триумфирав на Ролан Гарос и овој турнир треба да го третира секој спортиста како што треба. Се надевам дека следната година ќе направите подобра работа“, рече Додиг, кој во 2015 година Ролан Гарос го освои во машки двојки, а во 2018 и 2019 година триумфираше во мешаки двојки на престижниот турнир во Париз.

- Оглас -

Најнови вести