Хрват во земјотресот остана без дом, од урнатините си го спаси грбот на Ливерпул

Инженерот по радиологија Бруно Лончаревиќ од Петриња, неодамна подигнал кредит и со парите си го реновирал станот во Петриња, но земјотресот го уништи неговиот труд, а оваа вест е интересна од спортски аспект затоа што Бруно после земјотресот, од прашината и купот градежен матаријал низ цел дом, со себе понел само облека и знак со грбот на неговиот омилен фудбалски клуб Ливерпул.

„После земјотресот знаев дека немам многу време да ги спасам работите, во главата ми беше само да земам нешто облека и овој знак, кој ми беше на посебно место во станот. Ми значи многу, како и на сите навивачи на Ливерпул низ светот“ – изјави Лончаревиќ кој откако остана без дом, со семејството живее во стан во Загреб, кој на една недела му го отстапиле колеги од работа.

Радиологот Бруно работи на Клиниката за инфективни болести во Загреб, и веќе со месеци се бори против коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести