Хрватите беа на прагот на осминафинале, но најверојатно одат дома, Италија се извлече во нејзин стил (Видео)

Хрватска во 98-ма минута испушти победа против Италија, Ѕакањи погоди за 1-1, а Шпанија со 1-0 беше подобра од Албанија во дуелите од третото коло на групата Б на ЕВРО 2024, и сега е јасно дека нашиот западен сосед е елиминиран, додека Хрватите најверојатно остануваат осминафинале.

Италија на 29-ти јуни во Берлин ќе игра осминафинале со Швајцарија.

Лука Модриќ им донесе водство на Хрватите и стана најстариот стрелец во историјата на ЕП, но тоа ништо нема да му значи, за нив ЕВРО 2024 најверојатно е завршено бидејќи со два бода и негативна гол-разлика, просто е невозможно да се оди понатаму.

Поразот на Албанија значи и дека и Англија теоретски е меѓу 16-те најдобри, додека Хрватите ќе чекаат разврска во другите групи, за да видат дали може да бидат меѓу четирите најдобри третопласирани од шесте групи.

Шпанците покажаа зошто се еден од фаворитите за титула, и со резерви и комбиниран состав ја победија Албанија и групната фаза ја завршија со максимални 9 бода.

- Оглас -

Најнови вести