Данска и четвртипат по ред дојде до златото на Светските ракометни првенство, откако во финалниот меч ја совлада Хрватска со 32-26. Во текот на мечот од трибините на „Јунити арената“ во Осло се слушаа извици „лопови, лопови“ од страна на малубројните хрватски навивачи, а очигледно и селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдност беше лут на Паскал и Марин.
Во самиот финиш од мечот, Сигурдсон повика тајм-аут, па им се обрати на своите ракометари со зборовите: „Момци ајде да го завршиме натпреварот со кренати глави. Играјте добар ракомет, оставете ги судии на мир. Кој ги е*е, кој ги е*е сите“.
Dagur Sigurðsson 🫶 pic.twitter.com/rUmaeqgJ8p
— Lighthouse keeper’s daughter (@illmatrix3112) February 2, 2025