Хрватите фрлаа телевизори во ѓубре, откако Шпанија им даде три гола (ВИДЕО)

Цела Хрватска е во очај по стартниот пораз (0-3) на нивната фудбалска репрезентација на стартот на Европското првенство. Шпанија ги декласира Лука Модриќ и соиграчите постигнувајќи три гола уште во првото полувреме, а некои фанови ширум „лијепа наша“ тоа едноставно не можеа да го издржат.

Во Шибеник, еден хрватски навивач буквално го зеде телевизорот в раце и го фрли на буниште, за да ги скрати маките гледајќи го очајот на Хрватска на почетокот на ЕВРО 2024.

Видеото стана вирално и веќе има преку 300.000 прегледи и можете да го погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести