Хрватите го фалат лавот македонски, Динамо има понуда за него од пет милиони евра

Аријан Адеми има опција да го напушти Динамо Загреб и како што објавуваат хрватските медиуми за капитенот има понуда од над пет милиони евра, но не се открива името на клубот.

Дури се најавува дека шампионот на Хрватска забрзано бара замена за својот капитен, а тамошните медиуми повторно со суперлативи пишуваат за лавот македонски.

„Понудата за неуништивиот капитен на Динамо Загреб воопшто не е изненадување. Дури е и чудо како еден таков квалитетен фудбалер досега не замина во странство. Долги години си доаѓаа и заминуваа играчи, а само Аријан остануваше и сосема со право го заслужува епитетот легенда на Динамо Загреб“, пишува хрватски „Индекс“.

Адеми го сметаат за најдобриот фудбалер на Динамо во оваа генерација фудбалери и еден од најдобрите на сите времиња на гигантот од Хрватска.

Поради замор и продолжена сезона, Аријан ќе отсуствува од натпреварите на Македонија во јунската испитна сесија од четири натпревари во Лигата на Нациии нема да игра против Бугарија во Разград на 2. јуни, со Гибралтар на гости три дена подоцна и на домашните мечеви со Грузија на 9. јуни и со Гибралтар на 12. јуни.

 

 

- Оглас -

Најнови вести