Хрватска ја победи Швајцарија со 28-24, оправдувајќи ја фаворитската улога на овој меч од Европското првенство во ракомет, дополнително замрсувајќи ја ситуацијата во групата 2 каде сега четири тима имаат по 4 бода и ќе се борат за двете места кои водат во полуфиналето.
Хрватите имаат проблем, не зависат само од себе. Дури и да победат во последните две кола, може да испаднат, бидејќи во круг со Шведска и Исланд, би биле најслаби и би завршиле како трети. На Хрватите ќе им треба и барем еден кикс на Швеѓаните или Исланѓаните во последните две кола.
Вечерва Хрватска почна лошо, нешто слично како Романија со Македонија, во првите девет минути немаше дадено гол и губеше со 0-4, но навреме се разбуди и веќе на полувреме имаа предност.

