6750 Швајцарија – Австрија (18.00 часот)
Соседите од Алпите ќе се сретнат на пријателски меч во Сент Гален како последна контрола на формата пред ЕП. Австрија е во добра резултатска форма, има серија од шест победи по ред, а Швајцарија ги доби последните два меча. Овие селекции одамна не играле меѓусебе, од 2015 година, а Швајцарците победуваа на последните три соочувања и постигнаа четири гола против Естонија пред четири дена.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)
6751 Шведска – Србија (18.00 часот)
За двата тима ова е шанса за поправен откако загубија со 1-2 на претходните контроли на почетокот на јуни. Швеѓаните се домаќини на овој меч, стадионот ќе биде преполн поради простувањето на Златан Ибрахимовиќ, но тие не се учесници на ЕП, па можеби на Србите им е поважен резултатот со оглед на тоа дека би сакале во Германија да заминат во попозитивно расположение. Шведска на последните шест меча не знае за нерешено. Србите и Швеѓаните играа меѓусебе во Лигата на нации во 2022, двапати победуваа нашите соседи.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.15)
1311 Овиедо – Еибар (18.30 часот)
Ова е прв меч од полуфиналето на баражот за влез во шпанската Ла Лига. Сезонава во втората лига, Овиедо беше шести, а Еибар трети, па на реваншот кој веројатно ќе биде решавачки, овој тим ќе биде домаќин. Од октомври наваму, Овиедо дома има само еден пораз. Двата меѓусебни дуели на овие тимови сезонава беа ефикасни, Еибар пред шест дена победи со 4-3, а во Овиедо беше 2-1 за тимот од Астурија.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.99)
6752 Португалија – Хрватска (18.45 часот)
Португалија е домаќин на хартија, но сигурно дека и гостите ќе има што да покажат во дербито на вечерта меѓу контролните мечеви на европските репрезентации. Во последните една и пол година, Португалија ги има добиено сите домашни мечеви. Традицијата е на страна на Португалците, Хрватска нема добиено ниту еден од седумте меѓусебни дуели. Кристијано Роналдо во 2013 година го има дадено последниот гол против Хрватите.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.30)
6753 Данска – Норвешка (19.30 часот)
На стадионот на Брондби, Данска ќе се обиде повторно да победи скандинавски ривал, откако пред три дена славеа со 2-1 против Норвешка. Данците се тим кој дома ретко прима повеќе од еден гол, но ќе треба да се пазат од Халанд кој пред неколку дена му даде три гола на Косово. Овие селекции повеќе од една деценија немале меѓусебен дуел, па традицијата и не игра некоја улога.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.82)