Норвешка ја победи Србија со 31-28, а Данска и Хрватска одиграа 32-32, па после овие резултати, селекциите од екс-југословенските простори, уште не се математички елиминирани, но имаат само теоретски шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет.
Хрватите извлекоа бод против еден од фаворитите за злато, но имаат два бода помалку од Данска, а и лоша гол-разлика поради дебаклот од Египет кој е прв во нивната група.
Што се однесува до Србите, само серија на чуда од резултати во нивната група во која засега неприкосновени се Германија и Норвешка, може да ги качи на прво или второ место.