Хрватите како во бајка со замоци – Погледнете во каков луксуз ќе се подготвуваат за ЕП (Фото)

Хрватската фудбалска репрезентација ќе ужива во вистински луксуз пред и за време на Европското првенство, откако ја одбраа тренинг-базата во прекрасниот „Сент Ендрјуз“ во Шкотска.

Како од филмските бајки е луксузниот комплекс на Источниот брег на Шкотска, а хотелот личи на вистински замок со раскош и 212 соби, 17 апартмани и две луксузни вили.

Една ноќ во хотелот што ќе биде база за ЕП на „Коцкестите“ чини околу 300 евра, а впечатокот на прв поглед е прекрасен.

Хрватска ќе го почне шампионатот со меч против Англија на 13 јуни на „Вембли“, а потоа ќе игра два меча на „Хемпден парк“ во Шкотска, против Чесите на 18 јуни и со Храбрите срца на 22 јуни.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести