Ракометната репрезентација на Хрватска со победата над Исланд дојде до бронзата на Европското првенство, а сега е јасно и каква премија ќе добијат за успехот. ЕХФ не ги наградува репрезентациите кои учествуваат на континенталните собири и кои ќе направат успех, па Хрватите ќе ја добијат само државната награда.
На сите ракометари и членовите на стручниот штаб ќе им бидат исплатени по 5.250 евра, според рангирањето за олимписките спортови во Хрватска.
Премијата изгледа смешно ако се спореди со фудбалот, па колку за споредба – ФИФА на сите репрезентации кои ќе учествуваат на Мундијалот во САД, Канада и Мексико ќе им исплати премии помеѓу 10 и 15 милиони долари.

