Хрватите немаа, па имаа милост кон Британците

Хрватска немаше проблем со Велика Британија, и ја совлада со 86-65 во дуел во кој дојде до прва победа по две одиграни кола на Евробаскетот.

Поразот на Британците ќе беше поголем, но Хрватите во последната четвртина му дозволија на противникот да ги добие завршните 10 минути со 25-14. Во третата четвртина, Хрватска даде 35, а прими 9 поени, и покажа кој е кој.

Финска беше неочекувано убедлива против Полска со 89-59, а Црногорците се на скор 1-1 после победата од 76-70 над Белгија.

- Оглас -

Најнови вести