Хрватите од страв да не доживеат дебакл го откажаа мечот против Дончиќ и другарите?!

На десетина дена пред одигрување на одамна договорениот пријателски натпревар во Љубљана против Словенија, Хрватите одлучија да го откажат мечот.

Словенечките медиуми пишуваат дека причина за откажување на пријателскиот натпревар е стравот на Хрватите од катастрофа.

„Одамна сè беше договорено за пријателскиот натпревар кој Словенија и Хрватска требаше да го одиграат на 8 август пред преполната арена „Стожице“. Веќе беа продадени голем број на билети, имаше доста промотивни кампањи за овој натпревар, но Хрватската кошаркарска федерација го откажа гостувањето во Љубљана. Засега не е позната официјалната причина за оваа чудна, нефер и неодговорна одлука. Се шпекулира дека Хрватите добро го запомнија минагодинешниот час по кошарка од Словенија предводена од Лука Дончиќ и тоа пред квалификациите за Олимписките игри. Во секој случај мислете што сакате“, пишува словенечкиот спортски портал „Екипа“.

Кошаркарската федерација на Словенија експресно реагираше по откажувањето на мечот со Хрватска и за истиот термин закажа пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора, која исто така ќе учествува на Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

- Оглас -

Најнови вести