23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Хрватите по голема драма ја победија Јапонија

Ракометната репрезентација на Хрватска во огромна драма ја победи Јапонија со 30:29 на стартот на Олимписките игри. Големи проблеми на тимот на Дагур Сигурдсон им зададоа Јапонците, на кои тој до февруари оваа година им беше селектор.


Јапонија водеше со пет гола разлика на полувремето, имаше и +6 на почетокот од второто полувреме, но Хрватска со драматичен пресврт стигна до победата. Херој на крајот стана Иван Мариновиќ, кој во последните секунди постигна гол за триумф.

Иако номинално аутсајдер во оваа група, Јапонија вторпат за три години и нанесе проблеми на Хрватска. Пред три години на Светското првенство овие две репрезентации одиграа 29:29. Овој натпревар како да беше реприза, Јапонците имаа огромна предност, а Хрватска успеа да се врати. Сепак, сега Хрватите постигнаа и 30-ти гол и дојдоа до победата.

- Оглас -

Најнови вести