6790 Хрватска – Белгија (16 ч.)
Белгија е селекцијата која нема многу што да калкулира затоа што мора да брка победа ако сака место во осминафиналето. Оваа генерација на Белгија ја нарекуваа „златна“, но може да се случи на неславен начин да стави крај на Мундијалот во Катар.
Дури и атмосферата во белгиската селекција не е најпријателска и се зборува за скандал кој завршил со тепачка меѓу некои од играчите.
Хрватите и со реми ќе останат во борба за трофејот и ова ќе биде вистински предизвик за Коцкестите, кои минатата година загубија од Белгија со 1:0 во контролен дуел.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)
6789 Канада – Мароко (16 ч.)
Дуел на две селекции со сосема различни амбиции. Канада е без бодови и за нив ова сигурно е последен меч на Мундијалот, додека Мароко сака да продолжи со фантастичните игри. Откако одигра реми против Хрватска и ја победи Белгија, ова за Мароко треба да биде најлесна задача во обидот да ги освои трите бода, но факт е дека и со реми ќе биде во осминафиналето.
Одбраната на Мароко е гранитна и досега нема примено ниту еден гол, а по овој меч африканската селекција треба да се радува на голем успех.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.57)
6792 Јапонија – Шпанија (20 ч.)
Јапонците во првото коло ја изненадија Германија и ја победија, но потоа разочараа против Костарика и загубија, па сега иако се втори во групата, некако далеку делува осминафиналето за нив.
Шпанија нема да ризикува да го изгуби првото место и Црвената фурија ќе оди на победа.
Предлог тип: 2&2-4 (2.15)
6791 Костарика – Германија (20 ч.)
Германија има само еден бод од две кола, но Панцерите уште се со добри шанси да останат на Мундијалот иако не зависат само они од нивниот дуел против Костарика, која има три бода.
Германците треба да покажат дека ја научија лекцијата од дуелот против Јапонија и овојпат од првата минута ќе тргнат офанзивно не само да победат, туку да направат и добра гол-разлика, која на крајот може да биде и решавачка.
Предлог тип: 2-2&3+ (1.68)
5964 Замалек – Ал-Масри (18 ч.)
Замалек секогаш е меѓу фаворитите за највисок пласман во првенството на Египет, па фактот дека игра на домашен терен му дава фаворитска улога. На последните седум дуели на овие два тима, Замалек се радувал шестпати, а само еднаш било нерешено, па очекуваме оваа традиција за доминација на египетскиот гигант да продолжи и денеска.
Предлог тип: 1 (1.85)