Хрватите поведоа само по десет минути: Ловро Мајер од слободен удар го надмудри Димитриевски

Хрватска има водство од 1-0 против Македонија само по десетина минути од пријателскиот натпревар на „Рујевица“. Буквално по првата опасност пред голот на Столе Димитриевски, се затресе неговата мрежа.

Беше досуден слободен удар на околу 25 метри од голот на Македонија. Ловро Мајер успеа да најде начин да ги надмудри и „живиот ѕид“ и голманот Столе Димитриевски, кој денеска ја носи и капитенската лента.

- Оглас -

Најнови вести