Хрватите приредија спектакл со знаме долго 200 метри и го расплакаа селекторот (Фото)

Хрватите се меѓу најприврзаните навивачи на светот и даваат се за својата репрезентација, ги има во голем број на секој меч, на секое големо натпреварување, а во Катар денеска приредија импресивно шоу.

На неколку часа до стартот на мечот со Канада, што ќе се игра од 17 часот, популарните Коцкести развеаја знаме долго 200 метри и го расплакаа селекторот Златко Далиќ.

Далиќ им се приклучи на симпатизерите на актуелниот светски вицешампиони со солзи во очите изјави.

„Не можам ништо да ветам“ рече Далиќ, а навивачите го поддржаа со песна.

Знамето е долго 200 метри и е тешко 100 килограми, а во Катар го донесе навивачка група од Цриквеница.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести