Ако зборуваме за фудбал, Хрватска е без конкуренција најуспешната земја од сите кои произлегоа од поранешна Југославија.
Националниот тим на Хрватска вечерва обезбеди пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година, и тоа ќе им биде седми Мундијал од осумте за колку што играа квалификации. Единствено СП на кое не се пласираа беше во 2010 година, а на последните две, во 2018 и 2022 играа полуфиналиња и освојуваа медали.
И на европските првенства се речиси редовни. Ги немаше само на ЕП 2000 година, две години откако направија голем успех и беа трети на СП.

