Хрватите се истепаа меѓусебно на „Ернст Хапел“, па после ѝ се фрлија и на полицијата (ФОТО)

Хрватска со 3:1 ја победи Австрија, и тоа на стадионот „Ернст Хапел“. Додека Коцкестите доминираа на теренот, нивните навивачи правеа големи проблеми на трибините.

Најпрвин тие започнаа меѓусебна тепачка, при што мораше да интервенира и полицијата. А кога дојдоа службите за мир и смирување на тензијата, навивачите им се нафрлија и на нив.

Јасно е дека од УЕФА ќе следува казна за Хрватска, а каква ќе биде таа, ќе дознаеме во наредните недели.

- Оглас -

Најнови вести