Селекцијата на Хрватска со победата на гостувањето кај Ерменија од 1-0, го презеде водството во групата Д од квалификациите за ЕП 2024 и се наоѓа во одлична позиција да се пласира на европскиот шампионат.
Стрелец на единствениот гол беше Андреј Крамариќ. Погодокот погледнете го ТУКА. Хрватите 1.632 дена не знаат за пораз на гости во квалификации за ЕП.
Ерменците во претходните три кола собраа седум бода, но денеска загубија и останаа трети на табелата, зад Хрватска и Турција.
Дуелот во Ереван имаше и еден непријатен момент, судијата на кратко го прекина мечот кога над теренот леташе дрон со знамето на спорната територија Нагорно Карабах, поради која Ерменија е во конфликт со Азрбејџан. Публиката со овации го проследи ова, но сигурно ќе има реакција од УЕФА и казна за Ерменците.