6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Хрватите слават, нивни тимови се лидери во Лигата на Европа и во Конференциската лига

По две кола во Лигата на Европа, може да се каже и неочекувано, на првото место е Динамо Загреб, а по завршувањето на првата рунда во Конференциската лига, лидер на табелата е Зрињски Мостар, кој официјално е претставник на БиХ, но Хрватите го сметаат за свој клуб.

Во Лигата на шампионите нема тимови од поранешна Југославија, а лидер е Баерн Минхен.

Во второто по квалитет натпреварување засега води Динамо, кој има најдобра гол-разлика меѓу седумте екипи кои собраа по 6 бода во првите две рунди. Победите на Динамо носат поени за Хрватска за рејтинг-листата.

ХШК (Хрватски шпортски клуб) Зрињски, чиј член е Дарко Велковски, а тренер е прославениот Хрват Игор Штимац, со победа од 5-0 над Линколн почна во лигашкиот дел на Конференциската лига и води по првото коло, па Хрватите се горди и на тој резултат иако клубот не носи поени за Хрватска, туку за Босна и Херцеговина.

Инаку победа во Конференциската лига носи награда од 400.000 евра, за нерешено се добива 133.000 евра. Шкендија на следните мечеви ќе игра за пари, но и за рејтингот на македонскиот фудбал. Ако тетовци добијат барем еден меч, Македонија ќе скокне три места на листата и по две сезони, пак ќе има четири тима во еврокуповите, а следната сезона ќе имаме три.

- Оглас -

Најнови вести