Хрватите смислија оригинален изум – Имаат џокер „одложи натпревар“ и веќе се користи за дерби мечевите (Фото)

Хрватските клубови смислија оригионален изум и имаат право на користење на еден џокер за да им се одложи натпревар во новата сезона во НХЛ лигата и веќе ја користат таа можност.

Дербито меѓу Риека и Хајдук во второто коло во ХНЛ лигата е одложен поради настап на двете екипи во еврокуповите, а сега се најавува дека и вечното дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук што треба да се игра во петтото коло ќе биде пролонгирано и ќе се игра во друг термин, а не на 13. август.

Ако некој од хрватските клубови се пласира во групна фаза од еврокуповите тогаш добива право на уште еден џокер за одложување на натпревар во домашната лига, ако има потреба за тоа, според распоредот на натпревари во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести