26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Хрватите стопираа една историска низа на Франција

Хрватска за првпат во историјата успеа да слави над Франција, и тоа сред Париз. Коцкестите минимално со 1:0 славеа над актуелниот светски првак, и тоа благодарение на голот на Лука Модриќ од пенал.

Освен што дадоа гол, Хрватите одиграа перфектно во одбраната и не им дозволија на Галските петли да дадат гол, иако во офанзивата го имаат најдоброто напаѓачко дуо Килијан Мбапе и Карим Бензема.

На овој меч, Французите прекнаа низа од 23 меча на кои постигнуваа барем еден погодок. Во оваа низа од 23 меча тие се израдуваа дури на 51 погодок. Оваа низа од 23 меча на кои давале голови е најдолга во нивната историја, но Хрватите решија да ја прекинат.

- Оглас -

Најнови вести