Задарскиот уметник Валентино Радман со денови работеше на муралот со ликот на фудбалската легенда Лука Модриќ, но синоќа вандали го уништија фрлајќи боја врз лицето на играчот на Реал Мадрид и капитен на хрватската репрезентација.
Модриќ е најпознатиот спортист од Задар во 21-виот век, почитуван и од најголемите ривали, човек поради кого за Задар слушнале повеќе луѓе отколку да го немаше и навистина е чудно зошто му пречи некому и тоа во неговиот роден град.
Муралот беше пред едно кафуле, на место каде што поминуваат и многу странски туристи и идејата беше тие да се сликаат таму. Но, некој реши да го уништи трудот на уметникот и ова претставува голем срам.
Хрватите потсетуваат дека во Неапол има неколку мурали со ликот на Диего Марадона и никој не ни помислува да ги уништи. Во текот на денов ќе се одлучи дали да се направи нов мурал бидејќи никој не може да гарантира дека и тој нема да биде уништен.