Хрватите во шок, во Риека се отвора клуб на навивачи и пријатели на белградскиот Партизан!

Базата на симпатизери на белградскиот Партизан наскоро ќе биде побогата за уште еден официјален фан клуб и тој ќе биде основан во хрватскиот град Риека, а ќе го сочинуваат симпатизери на клубот од цела Истра, објавија Црно-белите на својата официјална интернет-страница.

Иницијативата е на поранешниот фудбалер на Партизан, Рефик Козиќ.

Покрај договорот околу формирањето на Клубот на поддржувачи, договорено е и на идните меѓународни натпревари на Партизан да се организира пристигнување на еден до два автобуси на навивачи од Риека и околината.

Исто така, отворена е можноста за организирање на летните и зимските подготовки на младинските селекции на клубот на Истарската ривиера.

 

- Оглас -

Најнови вести