Хрватката Дона Векиќ е сензационална полуфиналистка на Вимблдон

Хрватската тенисерка Дона Векиќ дојде до сензационален пласман во полуфиналето на Вимблдон откако ја совлада Лулу Сан од Нов Зеланд со 2-1 по сетови во четвртфиналето.

За 28-годишната хрватска тенисерка ова е најголем успех во кариерата, откако претходно стигнуваше до четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД.

Векиќ имаше три сет топки во првиот сет, но откако не ги искористи, Сан дојде до водство од 1-0, откако го доби сетот со 7-5. Сепак, во продолжението од мечот следуваше комплетен пресврт на Хрватката. Векиќ ги доби вториот и третиот сет со 6-4 и 6-1 и веќе заработи 846.000 евра за пласманот во полуфиналето.

Противник на Векиќ во полуфиналето ќе ѝ биде победничката од дуелот помеѓу Паолини и Наваро.

- Оглас -

Најнови вести