Победата на Хрватска против Унгарија од 24-22, претставува најголемото денешно изненадување на Европското првенство во ракомет за жени. Во другите две средби, Франција одвај ја совлада борбената Црна Гора со 24-23, додека Данска ја оправда фаворитската улога против Словенија и триумфираше со 30-23.
На првенството во дански Колдинг, значително ослабената Хрватска ја изненади Унгарија, а интересно е што во составот на Хрватска има два пара сестри близначки. Станува збор за сестрите Стела и Паула Посавец, и Лариса и Дора Калаус. Сите имаат по 24 години, и сите четири играат во ист клуб, Локомотива. Хрватска е единствен случај во женскиот репрезентативен ракомет со два пара близначки.
Иако физички многу личат, кај сестрите Посавец има една голема разлика. Дора шутира со лева, а Лариса со десна рака. Сестрите Посавец се разликуваат по висината, Паула е повисока.