Хрватот е чудо, немаше ниту едно промашување во групната фаза

Ракометната репрезентација на Хрватска синоќа со победата од 31:25 над Романија си го завери пласманот во главната рунда на Европското првенство, а Марио Шоштариќ направи нешто што тешко некој би го повторил во блиска иднина.

Крилото на Пик Сегед во победата на Хрватска учествуваше со четири гола и во првите три меча од групната фаза постигна вкупно 18 гола од 18 шута. Во ремито на Хрватска против Австрија (28:28), Шоштариќ даде шест гола од шест шута, а во убедливата победа над Шпанија (39:29) постигна осум гола од осум шута.

Тој е единствен ракометар со перфектна реализација меѓу 30-те најдобри стрелци на Европското првенство.

Хрватска во главната фаза ќе игра во Келн, а противници ќе ѝ бидат селекциите на Германија, Франција, Унгарија и Исланд. Првите две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести