Хрватскиот тренер, Славен Билиќ, е пред отказ во саудискиот клуб Ал-Фатех, откако денес неговата екипа го забележа и петтиот пораз на последните шест натпревари. Тие во меч од првенството на Саудиска Арабија загубија од последната екипа на табелата, Ал-Хазем, со 2-0.
Билиќ кој во играчката кариера настапуваше за Хајдук, Карлсруе, Вест хем и Евертон, летово седна на клупата на Ал-Фатех и во моментов се наоѓа на шесттата позиција на табелата со шест бодови заостанување од третопласираниот Ал-Ахли, позиција која води во меѓународните азиски натпреварувања.
Хрватот во својата тренерска кариера од клупата ги водеше Хајдук, Локомотив Москва, Бешикташ, Вест хем, Ал-Итихад, ВБА, Пекинг и Ватфорд, а беше и селектор на младата и А репрезентацијата на Хрватска.