Хрватот го предупреди Ѓоковиќ пред стартот на ЛОИ

Новак Ѓоковиќ се појави во Токио и најави атак на трофејот и златото кое му недостасува. Србинот сезонава блеска, што се потврди со освојувањето на трите досега одиграни гренслем-турнири, Отвореното првеснтво на Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон.

Популарниот Ноле сега е главен фаворит за трофејот и на ЛОИ во Токио, а тренерот на најдобриот, Горан Иванишевиќ, го предупреди дека нема да биде лесно.

„Шампиони на Олимписките игри не мора да бидат секогаш најдобрите. Понекогаш има и неочекувани победници. Тешко е да се предвиди. Атмосферата е поинаква кога играте за својата земја“, рече Иванишевиќ, кој го даде примерот дека Роџер Федерер никогаш не освои злато на ЛОИ во сингл конкуренција. Швајцарецот беше втор на Игрите во Лондон, а злато освои во дубл во Пекинг.

„На Федерер уште му фали тоа злато во поединечна конкуренција. Ги има освоено сите најголеми турнири, но тоа злато му фали“, додаде Иванишевиќ, кој како играч на ЛОИ во Барселона 1992 година освои две бронзени медали.

 

- Оглас -

Најнови вести