Лука Циндриќ минатата сезона со Барселона стана европски ракометен првак, повторувајќи го успехот што го направи со Вардар во 2017 година. Хрватот кој од 2019 година е дел од каталонскиот гигант, има актуелен договор до 2023 година, а според најавите од Шпанија, тој ќе потпише продолжување на соработката на уште две сезони.
Тоа значи дека Циндриќ, кој меѓународната кариера ја започна во Металург, а потоа се прослави во Вардар, па одигра и една сезона во Кјелце, сега во Барселона ќе остане до 2025 година.
According to unconfirmed information of @EsportsRAC1/@laiacopa Gonzalo Perez de Vargas and Luka Cindric have extended their contracts with @FCBhandbol to the summer of 2025.#handball #ehfcl https://t.co/YXPECJxbPE
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) November 18, 2021