Хрватот на клупата на Индија составот го правел во консултација со астролог!

Легендата на хрватскиот фудбал, Игор Штимац, веќе четири години е селектор на репрезентацијата на Индија. Тој се обидува да направи култ кон репрезентацијата на оваа земја, а според медиумите во Индија, Хрватот користел и чудни методи при одредување на првите 11-мина.

Штимац побарал и добил за советник астролог, кој според датум на раѓање на играчите одредувал кој во каква животна фаза е и дали тој ден кога се игра натпреварот има среќна ѕвезда. Астрологот за двомесечниот ангажман си наплатил 30.000 евра.

Услугите на астрологот биле користени минатата година, кога Индија одиграла четири натпревари, а победила на три. Сите три биле дел од квалификациите за Купот на Азија, а единствениот пораз го доживеале од Јордан во пријателски натпревар.

Се чини дека методот бил успешен, зарем не.

- Оглас -

Најнови вести