Хрватот откри што разговараше со Новак на мрежата: „Ова ќе го паметам додека сум жив“

Новак Ѓоковиќ во третото коло на Роланд Гарос беше подобар од австрискиот тенисер со хрватски корени, Филип Мишолиќ, со максимални 3-0. После мечот можеше да се забележи дека двајцата тенисери нешто разговараат, а Хрватот откри што зборувал со Ѓоковиќ.

„Сакам да му честитам на Новак. Ова беше неверојатно чувство. Да се биде со него на терен е голема чест за мене, посебно пред полни трибини. Ова ќе го паметам целиот живот. Ми рече дека играм супер, така да продолжам, а јас му честитав за победата, потоа му реков ‘ти благодарам за ова чувство кое го доживеав и навистина на ова ќе се сеќавам додека сум жив’. Овој меч ми дава дополнителна мотивација, знам дека можам да играм против момците од топ-100.“ – рече Мишолиќ.

- Оглас -

Најнови вести