15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Брага и Клуж имаат сила за двојна победа, тврдо ќе биде во Серија Б

1614 Марибор – Горица (Прва Лига, Словенија, 15 часот)

Марибор апсолутно доминира во независна Словенија и со 16 титули е рекордер, а интересно е што има повеќе шампионски круни од сите останати екипи заедно, кои комбинираат 15 пехари.

Сепак сезонава Марибор тешко ќе биде првак, односно има мали шанси за одбрана на титулата.

Заостанува за 15 бода зад лидерот Олимпија, а пред нив има уште 3 екипи.

Целта е да се обезбеди настап во еврокуповите и да се искористи победничкиот тренд.

Шампионот е во низа од пет победи, а ривалот Горица која се бори за опстанок има црна серија од 10 меча без триумф и е голем аутсајдер.

Сепак иако единицата изгледа како сигурна варијанта, подобро е да одиграте на голови во дуел на две екипи што во последно време играат ефикасни меѓусебни мечеви.

Предлог тип: 3+ (1.77) Супер тип на Sport Life

 

3022 Спал – Палермо (Серија Б, Италија, 15 часот)

Спал опасно се доближи до зоната за испаѓање, а виновна е серијата од 7 меча без победа.

Некогашниот прволигаш е во лоша форма, па уште еден поранешен член на Серија А, Палермо ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да победи.

Разликата меѓу денешните ривали е само 3 бода во корист на Палермо и лигата е интересна, бидејќи Розевите од Сицилија се на три бода од место што води во бараж за Прва лига, но и исто така три бода од опасната зона.

Во Серија Б секој бод е драгоцен, бидејќи Лигата е израмнета, а има многу кандидати и за Прва лига, но и за испаѓање.

Предлог тип: 0-2 гола (1.65)

 

2434 Ботошани – Клуж (Прва лига, Романија, 16.30 часот)

Ботшани е во мизерна форма и прими неверојатни 10 гола на двата последни меча. Поразот од Фарул Констанца со 8:0 е еден од највисоките во овој милениум во Првата лига на Романија, а се случи пред десет дена.

Тимот за кој игра нашиот интернационалец Петар Петковски е во црна серија од 9 меча без победа, а како игра Ботошани му следи и десетка без триумф.

Клуж е најуспешната романска екипа во последните десеттина години, сега пак се бори за титула и ако победи денеска ќе му се доближи на лидерот Фарул на само еден бод и со еден меч помалку.

Гостите се фаворити, имаат подобар тим, нанижаа четири победи по ред и ќе ја искористат кризата кај домаќинот за да забележат двојна победа.

Предлог тип: 2 Двојна победа (4.50)

 

3652 Фросиноне – Пиза (Серија Б, Италија, 20.30 часот)

Дербито на 17. коло е меѓу двете екипи што се во најдобра форма во Серија Б.

Фросиноне е лидер најмногу благодарение на серијата од 9 меча без пораз и ако победи денеска ќе биде апслоутен фаворит за шампион во Серија Б и за промоција во Првата италијанска лига.

Фабио Гросо, кој беше шампион на светот со Италија во 2006 година одлично од клупа го предводи лидерот.

И Пиза игра во страшна форма со 11 меча без пораз, што ги бодри избраниците на Лука Ди Анџело да продолжат во победнички ритам.

Двете екипи имаат доста нерешени меѓусебни дуели, а ние типуваме дека ќе биде „икс“, или на полувреме, или на крај на мечот.

Предлог тип: Х било кога (1.81)

 

2860 Брага – П. Фереира (Лига Куп, Португалија, 20.30 часот)

Пашош Фереира е во невидена криза и веројатно и нема тим во Топ-10 лигите во Европа што како нив има црна серија од 16 меча без победа.

Брага сака со победа да го потврди првото место во Д групата во Лига купот на Португалија и е огромен фаворит.

Против слаб тим каков што во моментов е Пашош Фереира речиси сигурна е победата на Брага.

За подобар коефициент вреди да се ризикува и со двојна победа, односно дека домаќините ќе бидат подобри во двете полувремиња.

Предлог тип: 1 Двојна победа (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести