Хрватска бркаше четвртфинале, но претрпе незаборавен дебакл од светскиот првак

Актуелниот европски вицешампион, селекцијата на Хрватска, го заврши настапот на Светското првенство со убедлив пораз од бранителот на светскиот трон Данска со огромни 38-26.

Коцкестите не ја искористија ситуацијата во која со победа ќе се најдеа меѓу осумте најдобри репрезентации на Мундијалот во Египет, па победата на Катар од претходно против Аргентина беше доволна за Катарците да се пласираат во четвртфиналето.

Составот на Лино Червар добро го започна мечот и имаше контрола врз резултатот до 7-6, а потоа Данците без својот најдобар ракометар Микел Хансен ја презедоа иницијативата и со +2 заминаа на паузата при резултат 17-15. Стартот од вторите 30 минути беше кошмарен за Хрватска, цели девет минути без постигнат погодок беше прилика за Данска да ја оствари големата предност.

Одржувајќи ја двоцифрената предност од 13 погодоци, јасно беше дека Данска ќе слави нова победа пред четвртфиналната фаза во која Јакобсен со 8/9 беше најефикасен.

Четвртфинални парови:

Данска – Египет

Шведска – Катар

Норвешка – Шпанија

Франција – Унгарија

- Оглас -

Најнови вести