Хрватска џудистка ја славеше победата и бронзата, но судиите ѝ го доделија медалот на Косоварката

Хрватската џудистка Катарина Кришто, е еден од најголемите трагичари на Олимписките игри во Париз, затоа што на несреќен начин остана без медал.

Во борбата за бронза во категоријата до 63 килограми, Кришто ја победи Лаура Фазлиу од Косово, но Косоварката се радуваше на крај, затоа што Кришто беше дисквалификувана, откако на ТВ снимка се виде дека ја фатила противничката под појас, а тоа е забрането, и тоа беше трета јавна опомена за Хрватката, што автоматски значи и пораз.

Косово во својата историја има пет олимписки медали, сите во џудо.

- Оглас -

Најнови вести