Хрватска е трета, Лука Модриќ со бронза ја заврши мундијалската кариера!

Репрезентацијата на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар, откако попладнево во дуел за бронзата го победи Мароко со 2-1. За Хрватите ова е втора бронза по онаа од Мундијалот во 1998 година.

Гвардиол и Оршиќ беа стрелци на головите во првото полувреме со кои Хрватите спречија првпат еден африкански национален тим да се закити со бронза.

Легендата Лука Модриќ со сребро од 2018 и бронза од 2022 година ја заврши мундијалската кариера.

- Оглас -

Најнови вести